Полицијата вчера уапсила 43-годишен гостиварец, кој бил осомничен дека во саботата украл гулаби во сопственост на 40-годишник, исто така од Гостивар.
По апсењето, лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе следи соодветна пријава, информираат од МВР.



