Српскиот премиер најави вонредна прес-конференција. Танјуг: Ќе поднесе оставка.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска ќе поднесе оставка, јави Танјуг. Вучевиќ во 11 часот ќе одржи вонредна прес-конференција во Владата на Србија.

Инаку, во 10 часот заврши 24-часовната блокада на еден од клучните сообраќајни центри во Белград, во која учествуваа десетици илјади студенти и граѓани, продолжувајќи ги протестите кои речиси три месеци траат низ Србија по несреќа на железничката станица во Нови Сад.

Пронајдете не на следниве мрежи: