недела, 15 ноември 2026
Најново

Невреме направи хаос во Италија: Во Рим се сруши кран, во Џенова падна потпорен ѕид

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Две несреќи се случија во Италија поради невреме што зафати делови од земјата, по што се урна кран во Рим и потпорен ѕид во Џенова, но засега нема информации за повредени, јавија денеска италијанските медиуми.

Кран се урна врз зграда во Рим, но нема повредени, јави јавниот сервис Раи.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Дел од кранот паднал на балконот на петтиот кат во шесткатница, а три семејства се евакуирани од зградата.

Обилни дождови ги погодија и провинциите Лигурија и Тоскана, а во Џенова поради лизгање на земјиштето се урна потпорен ѕид кој се наоѓа веднаш до градината на приватна куќа.

Во тој инцидент била оштетена и цевката за гас, а интервенирала и итната помош. На терен се и пожарникари кои бараат да видат дали некој е затрупан под урнатиот ѕид.

Во таа област се евакуирани пет лица.

Поради обилните врнежи поплавени се делови од Фиренца, а според локалната полиција најпогодени се окрузите Олтрарно и Галуко.

Поврзани вести