недела, 22 ноември 2026
Најново

Меланија Трамп го објави својот официјален портрет: Во Белата куќа ваква фотографија досега не е видена, една работа привлече посебно внимание (фото)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Првата дама на САД Меланија Трамп вчера покажа како ќе изгледа нејзиниот официјален портрет во Белата куќа и пораката што ја испраќа е навистина моќна. Имено, како што можете да видите, се работи за црно-бела фотографија, што е необичен потфат бидејќи нејзините претходници секогаш избирале портрети во светли бои, во чија позадина се издвојувала познатата околина на Белата куќа.

На портретот Меланија е облечена во елегантен црн костум и бела кошула, со спуштени раце и со врвовите на прстите на масата. Во позадина се гледа познатиот Обелиск. Нејзиниот директен поглед остава впечаток на моќна жена доследна на нејзината улога.Да потсетиме, минатата недела, во понеделник, на 20 јануари, Меланија Трамп по вторпат стана прва дама на САД, откако нејзиниот сопруг Доналд Трамп беше избран за претседател на САД во ноември минатата година.

Поврзани вести