недела, 15 ноември 2026
Најново

Шолц: Предлогот на Трамп за преселување на Палестинците од Газа е неприфатлив

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците од Газа во Египет или Јордан е „неприфатлив“ и ја повтори својата поддршка за решението со две држави – Израел и Палестина.

„Секакви планови за преместување, идејата дека жителите на Газа ќе бидат протерани од таму во Египет или Јордан, се неприфатливи“, рече Шолц.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој ја повтори својата поддршка за решение со две држави, каде Израелците и Палестинците ќе живеат мирно еден до друг, но дека палестинската управа мора да ја преземе одговорноста за Газа, пренесува Ројтерс. „Не смее да се потроши кревката надеж за мир што сега е возможен“, рече Шолц, мислејќи на неодамнешниот договор за прекин на огнот.

Неколку милиони Палестинци веќе живеат во Јордан, а десетици илјади од нив се во Египет, а владите на двете земји го отфрлија предлогот на Трамп, пренесува Танјуг.

Германија е меѓу главните добавувачи на оружје на Израел, а извозот се зголеми за 10 пати во 2023 година, годината кога започна војната во Газа, пишува Ројтерс.

Поврзани вести