недела, 15 ноември 2026
Најново

Српската влада падна поради внатрешен, а не надворешен притисок, вели известувачот за Србија во ЕП

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Известувачот за Србија во Европскиот парламент, европратеникот и поранешен шеф на хрватската дипломатија, Тонино Пицула, денеска изјави дека падот на српската влада е резултат на зголемениот притисок на домашната јавност предводена од студентите, а не на притисок од странство врз претседателот Александар Вучиќ, пренесе „Данас“.

Претходно, премиерот Вучевиќ, образложувајќи ја својата оставка, рече дека падот на владата се случил поради „притисок од странство“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Падот на српската влада е последица на зголемениот притисок врз режимот на Александар Вучиќ од спонтано мобилизирана домашна јавност предводена од студенти, а не „невидливата рака“ на силите од странство како што ја претстави премиерот во оставка. Наспроти тоа, некои од највлијателните политичари од земјите-членки на ЕУ, исто како и претседателот на Комисијата, му дадоа отворена поддршка на српскиот претседател“, изјави Пицула.

Тој рече дека ќе се види дали „поддршката за автократијата ќе остане непроменета и по евидентниот колапс на сегашниот модел на владеење со Србија“.

„Мора да се даде одговор и на прашањето дали масовните протести имаат доволен трансформациски капацитет за подлабоки промени во земјата. Тоа секако зависи од понатамошните потези на спротивставените страни“, рече Пицула.

Поврзани вести