недела, 15 ноември 2026
Најново

НАСА потврди дека двајца нејзини астронаути ќе се вратат на Земјата со капсула на „СпејсЕкс“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

НАСА потврди дека ќе соработува со компанијата „СпејсЕкс“, која е во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, за враќање на двајца нејзини астронаути од Меѓународната вселенска станица (МВС) на Земјата, нагласувајќи дека тоа ќе биде направено што е можно поскоро.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека побарал од Маск и неговата компанија да помогнат во враќањето на двајца астронаути од МВС, пренесува „Ројтерс“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Ги замолив Илон Маск и „СпејсЕкс“ да вратат двајца храбри астронаути кои администрацијата на Бајден ефикасно ги напушти во вселената. Илон ќе замине наскоро. Се надевам дека сè е безбедно. Со среќа“, напиша Трамп на неговата социјалната мрежа, а Маск потврди дека добил такво барање од претседателот.

Астронаутите на НАСА, Буч Вилмор и Сани Вилијамс, требаше да се вратат во капсула „СпејсЕкс“уште во август.

Двајцата летаа до МВС со вселенскиот брод „Боинг Старлајнер“ минатото лето, но нивната мисија, наместо планираните осум дена, беше продолжена на речиси една година поради проблеми со системите на леталото, па двајцата вршат научно истражување на МВС.

НАСА соопшти дека тие се во добра здравствена состојба.

Сè уште не се познати сите детали за тоа кога точно ќе се вратат астронаутите.

Поврзани вести