Денеска ќе се протестира и во Неготино за прегазената Фросина

Граѓаните преку социјалните мрежи се организираат за протест на булеварот „Партизански одреди“ спроти пекарницата „Силбо“ во Скопје каде што беше прегазена 22-годишната студентка од Неготино Фросина Кулакова.

Протестот е закажан за денеска во 13 часот. На него ќе се бара да се подигне безбедноста во сообраќајот, но и одговорност за судијата кој му го укинал притворот на 20-годишниот возач Васил Јованов, кога го осудил за поседување на дрога. Јованов, наводно, возел со брзина од над 120 километри на час и под дејство на алкохол кога удри во Фросина, која поминуваше на пешачки премин на зелено и беше убиена на лице место.

Исто така повик за протест има и во родниот град на починатата Кулакова, денеска на градскиот плоштад Неготино е организиран собир во нејзина чест. Настанот ќе започне во 15 часот на градскиот плоштад во Неготино и на него треба да ѝ се оддаде чест на Фросина и да се упатат пораки за поддршка до нејзиното семејство.

Обвинителството соопшти дека Јованов, кој ја усмрти Фросина возел под дејство на алкохол, немал возачка дозвола и со огромна брзина поминал на црвено светло додека девојката го поминувала булеварот на пешачки премин. Одреден му е притвор од 30 дена. Инаку, претходно, обвинителството соопшти дека тој бил обвинет за други кривични дела – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Во текот на постапката за овие дела, Јованов бил во притвор, а скопскиот Кривичен суд му го укинал притворот и го упатил во воспитно-поправниот дом во Тетово.

На социјалните мрежи се споделуваат повици за протест со порака да се подигне јавната свест за одговорноста во сообраќајот но и одговорност за сторителот. Тие бараат надлежните да отворат очи.

Истовремено, лути се на судијата кој му го укинал притворот на 20-годишниот возач Васил Јованов, кога го осудил за поседување на дрога.

Судот му определи 30-дневен притвор за возачот кој ја прегази девојката на „Партизанска“

Пронајдете не на следниве мрежи: