недела, 15 ноември 2026
Најново

Малолетничка со нож го ранила својот татко во Пробиштип

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Шеснаесетгодишно девојче вчера околу 9.40 часот во семејниот дом во Пробиштип, по претходна расправија меѓу родителите го нападнала и нанела убодна рана на својот 46 годишен татко И.А.

Шеснаесетгодишно девојче вчера околу 9.40 часот во семејниот дом во Пробиштип, по претходна расправија меѓу родителите го нападнала и нанела убодна рана на својот 46 годишен татко И.А, соопшти Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој бил пренесен во Здравствен дом- Пробиштип каде му била укажана помош, а по извршен преглед малолетничката била пренесена во здравствена установа.

-Во ОВР Пробиштип, во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Пробиштип, бил извршен разговор со нејзината мајка и другите две деца. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Поврзани вести