Нацрт-резолуцијата ја осудува руската агресија и ја потврдува посветеноста на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.
Ова денеска го изјавија тројца неименувани дипломатски извори за агенцијата Ројтерс.
Нацрт-резолуцијата, која ја виде Ројтерс, ја осудува руската агресија и ја потврдува посветеноста на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.
„Во претходните години, САД постојано учествуваа во усвојувањето на таквите резолуции кои го поддржуваат постигнувањето на праведен мир во Украина“, рече еден од изворите.
Како што наведе друг извор, резолуцијата ја поддржале повеќе од 50 земји, но тој не сакал да ги именува. Портпаролот на американската дипломатска мисија во ОН во Женева сè уште не ги коментираше овие наводи.
Гласањето за резолуцијата во ОН би можело да се одржи без американска поддршка, но помала е веројатноста таа потоа да добие широка поддршка во Генералното собрание.
Одбивањето на САД да ја поддржат резолуцијата може да го зголеми растечкиот јаз во односите меѓу украинскиот и американскиот претседател Володимир Зеленски и Доналд Трамп, кој се обидува да стави крај на војната во Украина што е можно поскоро и чиј тим веќе разговараше за тоа со Русија без учество на Киев, според Ројтерс.
Расправијата меѓу Трамп и Зеленски претставува голема политичка криза за Украина, која имаше корист од десетици милијарди долари американска воена помош договорена за време на претходната администрација.
Пронајдете не на следниве мрежи:



