Свршеничките прстени на Лејди Гага: еден уникатен и еден луксузен

Лејди Гага неодамна гостуваше во шоуто на Хауард Стерн, каде што открила нешто необично – таа поседува два веренички прстени. Нејзиниот партнер, Мајкл Полански, прво ја изненадил со прстен направен од трева, која била зачувана со слој смола за да остане цврста. Вториот прстен кој ѝ го подарил бил традиционален дијамантски, вреден околу два милиони долари. „И двата ми се подеднакво драги, но прстенот од трева има несомнена симболика“, изјави Гага, која честопати носи и двата. Таа и претходно го спомена прстенот од тревата, раскажувајќи за разговорот со Полански пред неговото запросување на 1 април минатата година. „Тој ме праша како би сакала да ме запроси, а јас му реков да собере парче трева од градината и да го стави околу мојот прст. Тоа и го направи“, раскажа таа.
The post Свршеничките прстени на Лејди Гага: еден уникатен и еден луксузен appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: