Кавадарчанец возеше неразумно низ улиците, МВР му го одзеде возилото.

Полицијата го запрела „бмв“-то управувано од лицето Р.С. од Кавадарци, и привремено го одзела поради создавање бучава. Според податоците добиени од полицијата, возачот бил застанат поради претходна објава на Инстаграм, каде што било забележано дека управува со возилото на начин што нагло ја зголемува брзината, што предизвикува пролизгување на тркалата и создава бучава. При техничкиот преглед било утврдено дека нивото на бучавата го надминува дозволеното, информираат од Министерството за внатрешни работи. Возилото е задржано привремено за период од 90 дена.
The post Кавадарчанец возеше неразумно низ улиците, МВР му го одзеде возилото. appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: