сабота, 28 ноември 2026
Најново

Белграѓани ги пречекаа емотивно – Фокус

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Студентите од бројни факултети во Белград се собраа на Теразије, во срцето на градот, за да приредат топло добредојде за своите колеги велосипедисти и пешаци кои претходните денови патуваа кон главниот град заради учество во големиот протест што ќе се одржи утредента. Белграѓани ги дочекуваа со аплаузи, звуци на вувузели и тапани, но и со искрени насмевки, емоционални прегратки и солзи. Мнозинството собрано на Теразије срдечно ги пречекуваше студентите, а на прашањето на репортерката N1 изјавуваа дека дојдоа „да го дочекаат моментот на слобода“. Голем број странски медиуми, како што се Ројтерс, Тајмс и Сандеј Тајмс, уживо го пренесуваа овој настан на Јутјуб, овековекувајќи го пристигнувањето на велосипедистите, маратонците и студентите кои стапија на долг пат од сите краишта на Србија до Белград за учество во протестот. Некои велосипедисти кои се паркираа на Трг Република, каде што беше организиран и огномет, ги подигнаа велосипедите високо и извикуваа „Пумпај“. Поради настанот, централните белградски улици во близина на Теразије и од Теразије кон Славија, беа затворени за сообраќај.

Поврзани вести