Со месеци луѓето во Србија протестираат против власта. Десетици илјади луѓе се очекува денеска да присуствуваат на големиот митингот во Белград на кој повикаа студентите.
Големиот простестен собир кој треба биде кулминација на повеќемесечните улични демонстрации и блокади од страна на студентите, како што јавуваат српските медиуми треба да започне денеска во 16 часот пред зградата на српскиот парламент. Претходно се планирани помали собири ширум градот по кои демонстрантите ќе се упатат кон спрското Народно собрание. Како што известува германскиот јавен сервис АРД пред планираниот голем митинг против српската влада, илјадници луѓе уште во текот на ноќта се собраа на булеварот Теразие во центарот на Белград да ги дочекаат и последните студенти кои од сите делови на земјата со денови пешачеа до главниот град на Србија. Големи групи на млади луѓе пристигнаа во градот по неколкудневно пешачење.
„Пумпај“
Насобраните граѓани, аплаудираа и извикуваа „Пумпај!“, еден вид слоган на протестното движење што како што наведува АРД значи: „Зголемете го притисокот!“.
Германскиот јавен сервис натаму известува дека денеска (15 март, 2025) се очекува десетици илјади луѓе да присуствуваат на демонстрациите под слоганот „15-ти за 15-те“. Ова се однесува на несреќата во Нови Сад на 1 ноември, кога се урна настрешницата на железничката станица во градот, при што загинаа 15 лица. Катастрофата предизвика голем бран протести, предводени од студентите во целата земја. Демонстрантите за несреќата во Нови Сад ја обвинуваат корупцијата на оние власт под раководство на претседателот Александар Вучиќ. Железничката станица беше реконструирана непосредно пред тоа. Тие не бараат оставки од политичарите, туку доследно спроведување на владеењето на правото и казнување на корумпираните актери.
Повеќе тука
The post Огромен протест во Белград: „На 15-ти за 15-те“ appeared first on 365.mk.



