Инцидент со чамец во Мавровско Езеро: две лица во опасност блиску до хидроцентралата

На 15-ти март 2025 година, во 12.37 часот, преку бројот за итни повици 112, добиена е дојава од случаен минувач за несреќа со превртен чамец во Мавровско Езеро, во кој биле две лица. Тие во моментот се држат за чамецот, додека струјата ги носи кон хидроцентралата, објави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
„Веднаш воспоставивме контакт со Диспчерскиот центар на ЕЛЕМ и директорот на ХЕЦ Маврово, кои не располагаат со исправен чамец. Исто така, информиран е Ренџерскиот тим од Национален парк Маврово, но поради силниот ветер и бранот, ситуацијата е опасна и би можела да ги загрози и нивните вработени кои не се обучени за ваков вид спасување,“ објаснува Ангелов.
Преку РЦУК Тетово, информирани се ПС Маврово, ДЗС Гостивар, Општина Маврово и Ренџерскиот тим на Националниот Парк Маврово. Испратено е барање за помош од ДЗС за обезбедување на чамец и специјализиран тим за спасување во вода. Дополнително, побарана е проценка од МВР за ангажирање на специјален тим со чамец или хеликоптер за спасување на лицата во езерото.
ХЕЦ Маврово е информиран производството на електрична енергија времено да биде прекинато за да се избегнат струи во езерото. Според Раководителот на СОК, ќе биде ангажиран хеликоптер со тим од специјалната единица (Тигри), додека чамец ќе биде обезбеден од Ренџерскиот тим во Националниот парк Маврово. Вo тек е координирана акција за спасување на лицата од превртениот чамец, соопшти Ангелов.
The post Инцидент со чамец во Мавровско Езеро: две лица во опасност блиску до хидроцентралата appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: