сабота, 28 ноември 2026
Најново

Над 70 повредени во скопските болници – има и малолетници

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Над 70 повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се хоспитализирани ви скопските болници. Загрижувачки се информациите дека помеѓу повредените има малолетници. Во болницата „св. Наум Охридски“ се примени 27 пациенти на возраст од 16 до 46 години. Неофицијалните информации се дека има над 50 жртви.
„Вкупно се хоспитализирани 27 пациенти. Во моментов се прават хируршки обработки на последните примени. Сега за сега, пациентите се во стабилна состојба. Изгорениците се сериозни, во однос на длабочината и колку од телото е зафатено. Најголем дел од пациентите имаат изгореници на вратот и лицето, што се очекуваат компликации во наредните денови“, рече директорот Небојша Настов, кој раководи со болницата „св. Наум Охридски“.
Во Клиничкиот центар се примени 34 лица. Најголем дел се веднаш пренесени во Клиниката за пластичка хирургија. Две лица се во критична состојба, пет се на одделот за интензивно лекување.
Засега е познато дека тројца се пренесени со хеликоптер во болницата „8 септември“. Во текот на ноќта, возилата на Брза помош и по двапати се враќале да транспортираат повредени.

Поврзани вести