Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, изрази најдлабоки сочувства до семејствата на жртвите во трагичната несреќа што утрово се случи во дискотека во Кочани, додека на повредените им посака брзо заздравување. Според изјавата од Министерството за култура и туризам, сите културни институции во Скопје ги отворија своите врати и стојат на располагање за помош на семејствата и сите на кои им е потребна поддршка, нагласува министерот Љутков.



