Сега не напуштија наши долгогодишни соработници и пријатели, извонредни уметници, таленти кои никогаш нема да бидат заменети и добри луѓе. Тешко ми е да најдам зборови кои ќе ја искажат болката и тагата што ја чувствувам. Во мене состанува лута, гнев, тага… и длабоко разочарување. Одбивам да внимавам на зборовите и да се изразувам „воспитано“ и „соодветно“. Зашто во ова општество одамна ништо не е уредно и вредно, а животот на човекот е најмалку ценет. Со Андреј имав многу прекрасни мигови, заеднички настапи, концерти и времиња кои никогаш нема да се заборават… Сара! Нема уметник во Македонија кој не го поддржала, таа беше душата на уметноста и вистинска пријателка. Фичо беше извонреден талент… Горги беше колега со светла иднина пред него… Оставете ја „шупата“, нека биде сведоштво за нашата колективна апатија, негрижа и корупција. Ние се чини дека немаме спас. Искрени сочувства до семејствата и блиските на нашите колеги, пријатели и сите луѓе кои ги загубивме денес во Кочани… до следната трагедија. – напиша Тамара Тодевска на Фејсбук.
The post Тамара Тодевска се раздели од колегите: “Ништо повеќе не е како порано” appeared first on 365.mk.


