Во болниците во Скопје, Штип и Кочани, како и во соседните и други земји, згрижени се вкупно 145 настрадани, според извештајот на Владата по денешната трагична несреќа со пожарот во дискотеката во Кочани, каде што загинаа 59 лица. Од Министерството за здравство информираа дека вечерва во земјата пристигна медицински тим од Воено-медицинската академија во Белград, а исто така се очекуваат тимови од Чешка, Израел и Белгија за да им пружат поддршка на нашите лекари во третманот на повредените од пожарот.
Текот на денешниот ден донесе помош за над 140 пациенти, распореденив здравствените установи низ земјата: • 20 во Клинички центар • 20 во ГОБ „8 Септември“ • 21 во Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ • 20 во Клиничка болница Штип • 7 во Општа болница Кочани • 2 во Клиника за токсикологија Покрај домашната медицинска грижа, дел од пациентите се префрлени во странство: • Во Турција, 3 пациенти се во Истанбул, додека 6 се очекуваат во Анкара • Во Бугарија, хоспитализирани се 14 пациенти • Во Грција, се згрижени 4 пациенти • Во Србија, веќе се хоспитализирани 5 пациенти, а 12 се на пат кон Белград со воен авион • Утре се планира испраќање на по 4 пациенти во Хрватска и Романија • Словенија, Унгарија и Австрија ќе испратат медицински авиони утре за транспорт на пациенти.
The post Пристигнување на медицински тимови од странство – од Министерството за здравство appeared first on 365.mk.


