Тошковски: Јавноста ќе биде изненадена од сумите за издавање документи

Министерот за внатрешни работи изјави дека освен во Министерството за економија, истрага е во тек и во Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, и Дирекцијата за заштита и спасување. Некои правни субјекти кои имале овластувања за потпишување документи, исто така, се под истрага, бидејќи, како што рече министерот, изработиле документи на незаконски начин. Јавноста ќе се шокира кога ќе се открие вистината за овој случај, особено со акцент на сите мерки кои досега се преземени, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во своето појавување на емисијата „Тема на денот“ на ТВ Сител, зборувајќи за инцидентот во Кочани каде загинаа 59 лица.
Тошковски изјави дека јавноста ќе биде вознемирена кога ќе разбере дека причината за овие незаконитости повторно се должи на мито и корупција. Тој подвлече дека е одговорен како ги презентира информациите за да не ја загрози истрагата. Ќе биде загрижувачки за јавноста да дознае колку се плаќани документите и кои незаконски активности биле спроведувани, спротивно на сите норми и регулативи кои треба да важат за ноќните клубови и кабареата. Според Тошковски, повеќе од 20 лица се осомничени во врска со случајот. Некои од тие лица веќе се во притвор, дел се наоѓаат во болници, а други се приведени и ќе се појават пред судија по налози на јавниот обвинител.
Министерот додаде дека осомничените се лица кои работеле на високи позиции како министри, државни секретари, директори на институции, раководители на сектори, и сопственици на правни лица. Сите тие имаат овластувања за изготвување незаконска документација. Истрагата се фокусира не само на Министерството за економија, туку и на Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен и инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување. Документите кои се издавале без да се исполнат законските барања, како што е обезбедувањето соодветни влезови и излези, се дел од проблематиката. Тошковски изјави дека ќе биде одговорност за сите кои биле вклучени директно или индиректно во овие незаконитости кои довеле до трагичниот настан.
The post Тошковски: Јавноста ќе биде изненадена од сумите за издавање документи appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: