Бектеши и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат се појавија во Судот во Кочани

Согласно со информациите од Обвинителството, се планира да се побара мерка за краткотраен притвор за поранешниот министер Крешник Бектеши и други лица, во времетраење од 48 часа, до носење на наредба за истражна постапка. Вечерва, поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, ексдиректорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, и уште едно лице се пренесени со полициска придружба на сослушување во Основниот суд Кочани.
Во Судот во Кочани, тие треба да изнесат искази пред судија за претходна постапка, како дел од предистрагата на Обвинителството за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 59 лица. За ексминистерот Бектеши и за други лица ќе се бара краткотраен притвор додека се чека наредба за истражна постапка.
Бектеши беше пренесен во Судот во Кочани од полициската станица „Карпош“ во Скопје, каде вчера вечер беше повикан на распит. Тој е приведен во врска со нелегалната лиценца за кабарето на фирмата „ММММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани за клубот „Пулс“, документ издаден на 13 март 2024, кога со Министерството за економија раководеше Крешник Бектеши, и потпишан од тогашната државна секретарка Размена Чекиќ-Дуровиќ.
The post Бектеши и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат се појавија во Судот во Кочани appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: