Изминатото лето, Манчестер Јунајтед неколку пати се обидуваше да го ангажира Френки де Јонг. Сега тие имаат нови планови за неговото потпишување. Каталонскиот клуб овојпат е спремен да го стави Де Јонг на трансфер-листата по пониска цена за да се ослободи од неговата голема плата. Јунајтед веќе испрати понуда до Барселона од околу 50 милиони евра, која беше одбиена. Сепак, “црвените ѓаволи” нема да се откажат и се подготвуваат за нова понуда. Аморим има цел да го зајакне средниот ред и на врвот на неговата листа е токму Де Јонг.
The post Манчестер Јунајтед покажува интерес за Френки де Јонг appeared first on 365.mk.


