Меѓу жртвите на трагедијата што се случи во дискотеката во Кочани е и Филип Стевановски, кој беше директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Стевановски ја презеде оваа функција на 24 јануари годинава. Тој имаше богата кариера како продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, и беше магистар по џез науки. Покрај тоа, работеше како професор во Државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ во Штип. Стевановски исто така беше дел од бендот „ДНК“.
The post Директорот на Центарот за култура Штип почина во Кочани appeared first on 365.mk.


