недела, 29 ноември 2026
Најново

Се затвораат три дискотеки кои имале лиценци, но немале услови за работа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Три од 12 контролирани објекти со активна лиценцане ги исполнуваат минимум техничките услови за работа и ќе добијат забрана за вршење дејност. Сѐ уште е во тек проверката на документацијата од другите девет дискотеки. Моменталната состојба ја презентираше владината портпаролка, Марија Митева, на заедничката прес-конференција со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и со директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Синиша Стојановски.

„Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања. Доказите се јасни: од вчера направената контрола на 12 објекти со активна, важечка лиценца, до овој момент е утврдено дека три од нив не исполнуваат услови, односно минимум технички услови, а сепак имаат активна лиценца за вршење на дејност.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

За останатите девет ве информирам дека сѐ уште е во тек проверката на документацијата и во текот на денот ќе излеземе со дополнителни информации. Во однос на ваквата состојба, веднаш до Министерството за економија ќе биде испратено барање за одземање на лиценцата, забрана за вршење на дејност и сите казнени одредби коишто се возможни согласно закон ќе бидат преземени“, соопшти Митева.

Деновиве на терен се повеќе од десет тимови на Државниот пазарен инспекторат кои вршат контрола. Според Митева, ќе се проверат сите, до детал. А, направен е и план за проверка на дискотеките и клубовите кои немаат важечка лиценца, а работеле во минатото.

Поврзани вести