сабота, 28 ноември 2026
Најново

Уапсени седум полицајци за наводна злоупотреба на службена должност

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Јавниот обвинител од Специјализираното одделение за истраги на кривични дела поврзани со полициските службеници и затворската полиција донесе решение за започнување истрага против седум полицајци. Се верува дека овие лица, користејќи ја својата службена положба во СВР Штип и ПСОН Кочани, дејствувале како соизвршители при подготовката, потпишувањето и одобрувањето на позитивна согласност за правно лице кое добило лиценца за угостителство – кабаре, иако објектот не ги исполнувал потребните законски стандарди. Ова предизвикало сериозен ризик за животот и здравјето на луѓето, бидејќи на 16.03.2025 година во објектот избувнал пожар при што загинале 59 лица, а 196 се здобиле со тешки повреди. Јавниот обвинител смета дека постојат основи за мерката притвор за сите седум осомничени, и затоа поднесе предлог до судијата за претходна постапка.

Поврзани вести