На градските гробишта, иако е собрана голема толпа, владее длабока тага. Тука ретко може да се чуе некој звук, освен тивките плачови на ожалостените. Денеска Кочани е обвиен во мрачно молчење. Роднините, пријателите и граѓаните безмолвно се собираат на градските гробишта, со цел за последен пат да им оддадат почит на оние кои трагично ги загубија животите во пожарот што го остави градот во шок. Иако толпата е голема, тишината е прекинувана само повремено од тажните звуци на оние кои жалат. Пристапот до погребот го надгледуваат полиција и редарска служба. Присутни се многубројни медиумски екипи, домашни и меѓународни, кои ги следат случувањата од дистанца за да ги почитуваат семејствата во нивната жалост. Во катастрофалниот пожар што изби во дискотеката „Пулс” во Кочани, животот го загубија 59 души.
The post Погребна церемонија на градските гробишта во Кочани обезбедувана со полиција и редари appeared first on 365.mk.


