сабота, 28 ноември 2026
Најново

Шеснаесетта жртва од паѓањето на натстрешницата во Нови Сад

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Осумнаесетгодишен тинејџер од Змајево, Војводина, кој беше тешко повреден при уривање на натстрешницата во Нови Сад на 1 ноември, починал утрово на Воено-медицинската академија (ВМА), неофицијално дознава Њузмакс Балканс.
Пациентот, по укажаната помош во Универзитетскиот клинички центар во Војводина бил примен на ВМА, а состојбата му била непроменета, но критична.
Тој, за жал, е 16-та жртва од уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Борбата за живот траеше четири месеци и 20 дена, јавуваат српските медиуми.

Поврзани вести