Од Црвениот крст на Македонија соопштуваат дека започнува процесот за подготвување на првата исплата на собраните средства за најургентните потреби на настраданите од пожарот. Според нивните информации, до овој момент се собрани 43,1 милиони денари во корист на настраданите во Кочани и нивните семејства. Вкупната сума на собрани средства достигнува 43 149 360 денари, што е еквивалент на околу 701 367 евра. „Изразуваме длабока благодарност до сите што донираа и известуваме дека се наоѓаме во процес на подготовка за исплата на средствата, наменети за итните потреби на настраданите од пожарот во Кочани,“ изјавија од Црвениот крст на Северна Македонија.
На плоштадот во Кочани, многумина се потпишуваат во книгата на жалост. Владата, само еден ден по трагедијата, објави соработка со Црвениот крст на Скопје за управување со единствената официјална сметка за донации. Вчера, 165 волонтери на Црвениот крст учествуваа во организација на погребите на жртвите од трагедијата. Волонтерите беа организирани во тимови за пружање прва помош, психолошка поддршка и логистичка поддршка на местата каде се одвиваа погребите. Осигурана беше и погребна опрема и транспорт за починатите.
Црвениот крст е во постојан контакт со националните друштва од земјите каде што се хоспитализирани повредените, при што им се обезбедува поддршка на нивните семејства. Особена поддршка се пружа од страната на организациите на Црвениот крст од Србија, Бугарија, Словенија и Грција.
The post Помош од 43,1 милиони денари од Црвениот крст за погодените од пожарот и нивните семејства appeared first on 365.mk.


