Средствата од билетите за натпреварот со Велс ќе бидат донирани на семејствата на настраданите во Кочани.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, објави дека средствата собрани од натпреварот против Велс, кој ќе се одигра на домашен терен за три дена, ќе се донираат за погодените од трагедијата во Кочани. Македонија го започна квалификацискиот круг со победа од 3:0 против Лихтенштајн, а Омерагиќ ја сподели оваа информација преку социјалните мрежи откако заврши натпреварот.
“Со цело срце честитам на нашите фудбалери за нивната извонредна победа, покажаната борбеност и карактер. Оваа победа е заслужена од страна на играчите, стручниот штаб и нашите верни навивачи, кои уште еднаш демонстрираа дека се најдобри на светот. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија, каде што многу млади животи беа загубени. Како знак на поддршка и солидарност, најавувам дека приходите од влезниците за претстојниот натпревар против Велс ќе бидат донирани на повредените и семејствата на загинатите. Ова е време кога фудбалот ја покажува својата вистинска сила – тој обединува и помага. Да продолжиме заедно, со срце и вера за Македонија. Ќе се сретнеме во вторник на Националната арена,” изјави Омерагиќ.
The post Средствата од билетите за натпреварот со Велс ќе бидат донирани на семејствата на настраданите во Кочани. appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: