Жаре објави видео за ДНК: Приказна за пријателството и позитивната енергија

Жарко Димитриоски од „Еден на еден“ објави емотивна видео порака посветена на блиските пријатели од неговата емисија, Андреј Ѓорѓиески и Владимир Блажев Панчо од Групата ДНК. Загубата на Андреј, членот на ДНК, длабоко го потресе познатиот водител.

„Наместо последен поздрав Со љубов од цела екипа на Еден на Еден“, напиша тој. Димитриоски изразува дека никогаш немале размена на грди зборови и токму тие биле едни од ретките луѓе со ваква врска.

„Се молам за закрепнување на Панчо, нека му даде Господ сила да се исправи, голем товар го притиска и се надевам дека ќе има енергија да го издржи.

За Андреј е неверојатно да се каже дека беше, но беше човек со огромно срце, постојана насмевка, фин хумор дури и на своја сметка, и многу убава енергија“, изјави Димитриоски.

Тој додаде дека неодамна соработувале на документарец за К-15 и многу се смееле заедно, моменти кои засекогаш ќе ги памети.

Тој апелира до сите да почнат со лична промена за да избегнеме слични трагедии во иднина.

Пронајдете не на следниве мрежи: