петок, 27 ноември 2026
Најново

Инцидент во САД: Напаѓачот сѐ уште на слобода по трагедија со жртви и повредени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Три лица го загубија животот, а 14 се ранети во масовна престрелка која се одигра денес во Ново Мексико, објавија локалните власти. Инцидентот се случил во парк во Лас Крус, околу 22 часот по локално време, информира полицијата на социјалните мрежи. Во моментов нема приведени, но полицијата изјавила дека активно работат на повеќе насоки на истрага. Меѓу загинатите се двајца млади на возраст од 19 години и еден 16-годишен тинејџер. Според извештаите, престрелката се случила за време на собир на љубители на модифицирани спортски автомобили.

Поврзани вести