петок, 27 ноември 2026
Најново

Скандал во Франција: Македонската Смедеревка продавана како „Шаблис” и ,,Монтраше” …

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Скандал изби по информацијата дека македонската Смедеревка се продавала како француско вино. Овој скандал го откриле агенции поврзани со Европол.
Виното од познатите француски региони Шаблис и Монтраше било фалификувано. Наместо грозјето од овие региони било флаширана македонска Смедеревка.
Интерпол откриле мрежа од седум фалсификатори на вино кои купувале вино од газда Ѓоко од Мрзенци, потоа дополнително го одлежувале во барик буриња за да развие француски карактер на вино за потоа да го пласираат под етикети на познати винарии од Бургундија.
Фалсификуваното вино се продавало како автентичен шардоне со француско географско потекло, по цени и поскапи од 250 евра за шише.

Поврзани вести