петок, 27 ноември 2026
Најново

Претпремиера на претставата „Ифигенија за ништо“ во Драмскиот Театар

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вечерва, во Драмскиот Театар во Скопје, ќе можете да ја видите претпремиерната изведба на претставата „Ифигенија за ништо“, која е реконцептирана од Филип Петковски, кој е и режисер и кореограф на ова дело. Асистентка на режисерот е Антонија Белазелковска, додека сценографијата ја потпишува Мартин Манев. Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска се одговорни за костимите. Осветлувањето е дело на Филип Петковски и Мартин Манев. Давид Николовски не само што го дизајнира постерот, туку е и автор на музичкиот дизајн и аранжман. Претставата трае 100 минути и не се препорачува за публика под 16 години.
Актерската екипа ги вклучува:
– Димитрија Доксевски (АГАМЕМНОН)
– Филип Трајковиќ (МЕНЕЛАЈ)
– Јелена Жугиќ (КЛИТЕМНЕСТРА)
– Нина Елзесер (ИФИГЕНИЈА)
– Стефан Вујисиќ (АХИЛ)
– Сара Климоска (АРТЕМИДА)
– Марјан Наумов (ОРЕСТ)
– Томислав Давидовски (ДЕЧКОТО/СВЕТИОТ ЕЛЕН)
– Хорот го сочинуваат Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Јована Спасиќ, Александра Павлова Бубања и Јована Миладинова.
Инспициент е Жарко Намичев, а суфлер е Милка Анчевска.
Претставата „Ифигенија за ништо“ е современ поглед на старогрчката трагедија на Еврипид, која ги истражува интригантните лични и семејни битки што се јавуваат како резултат на жртви направени за „благородни цели“. Ова дело, базирано на „Ифигенија во Авлида“ и легендата за светиот елен убен од страна на Артемида, вклучува елементи од физички и танцов театар. Додека класичната трагедија го истражува немоќниот човек пред божјата волја, современото дело потенцира како смртта на Ифигенија не е само одраз на воените амбиции на татко ѝ, туку и на пошироките механизми на политичката корупција и национализам.
Оваа театарска постава користи фрагментација, танцови изрази и телесни акти за да создаде визуелни слики. Театарот претставен на сцената е ослободен од сторија, каде јазикот не преовладува. Тоа е театар кој не се труди да биде разбран вербално, туку да биде почувствуван и доживеан емотивно. Нашата Ифигенија егзистира во пастојана напнатост, како девојка што ги минува нејзините последни мигови, како тело што не престанува да се движи. Нејзината смрт не е величествена ниту херојска, туку последица на семејна манипулација и инструментализирана патриотска реторика. Трагично убиена без љубов, нејзиното страдање е симбол на злоупотребата на човештвото од страна на силите на моќта за остварување на индивидуални и колективни интереси. Таа не умира за нешто, туку за ништо, станувајќи дел од поширок општествен машинариум кој ја уништува личната волја и ја замесува во идеолошкото единство.

Поврзани вести