Директор на здравствена установа е уапсен под сомнение дека примил поткуп за сместување на пациент.Според првичните информации, станува збор за директорот на специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, кој се сомничи дека побарал и примил поткуп од 20.000 евра.Обвинителството ја потврди оваа информација, не соопштувајќи го идентитетот.„Во акција координирана од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи приведени се две лица осомничени за сторени кривични дела примање поткуп и надоместок за противправно влијание. Се преземаат дејствија за целосно расчистување на настанот“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.Случајот го потврдија и од МВР.Оваа здравствена установа прима возрасни пациенти во посериозни здравствени состојби, листите на чекање се долги, а бројот на легла е ограничен.
Пронајдете не на следниве мрежи:



