Илон Маск му возврати на Питер Наваро, еден од главните советници на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го идиот.
Зборувајќи за CNBC, Наваро рече дека Маск „не е производител, туку само монтаж на автомобили“ кога станува збор за тарифите и трговијата.
„Маск сака евтини странски делови, а ние сакаме да ги правиме дома“, рече Наваро.
Овие коментари очигледно предизвикаа бурна реакција на шефот на Tesla, кој на социјалната мрежа X одговори со навреда.
Претходно Вашингтон пост објави дека Маск лично побарал од Трамп да ги укине царините, повикувајќи се на два неименувани извори.
Потсетиме дека вчера пишувавме и за Маск кој сподели видео на X во кое ја поддржува слободната трговија – што се толкува како јасна критика на тарифната политика на Трамп.



