(Видео) Отидено е се: Гол маж прошета пред гимназија „Јосип Броз Тито“

Гол маж прошета пред скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ во строгиот центар на градот, предизвикувајќи шок и вознемиреност кај средношколци и минувачи, објавија порталиот 24инфо.

Инцидентот се случи во време кога околината била полна со ученици и граѓани. Очевидци сведочат дека сцената била вознемирувачка и збунувачка, при што не било јасно дали станува збор за личност во психичка криза или за намерна провокација.

Од МВР потврдуваат дека полициски службеници веднаш реагирале, го привеле мажот и го однеле во полициската станица Центар. Во моментов се работи на утврдување на неговиот идентитет и на причините за необичното однесување.

Пронајдете не на следниве мрежи: