Според пренесувањето на „Дејли Мејл“, Барселона ќе го пушти Давид Виља да се пресели во тимот на Арсенал за сума од 20 милиони евра.
Не е тајна дека Арсен Венгер е во потрага по нов напаѓач кој на неговата екипа ќе и го донесе тој потребен квалитет во напаѓачката линија.
Се шпекулира дека Давид Виља е вистинското решение на Арсен Венгер во напаѓачката линија.
Виља е незадоволен со својот статус во Барселона и е отворен за промена на средината, но Каталонскиот клуб не се брза во поглед на продажба на овој фудбалер.
Според информациите, се шпекулира дека Венгер ќе испрати понуда до Барселона за ангажман на Виља во висина од 20 милиони евра.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: