Фото: Како изгледаше местото каде што е сега Тренд

Хотелите во Скопје по 1918 год., според својот изглед и својата функција, биле далеку од вистински хотели, но според удобноста и хигиената, биле подобри од караван-сараите. Хотелите имале најмногу по 10 соби, со по неколку  скромно наместени чисти кревети,  а на долниот кат обично имало кафеани кои биле нарекувани „бирарии” или „локантри”. Гостите биле послужувани  со храна и пијалаци.
Најплодна година за развојот на хотелиерството во Скопје била  1925 година, кога во градот биле отворени два големи модерно уредени хотели, со по 30 соби.
Со големиот налет на трговци и туристи во градот, здружението на меанџиско-кафеанските работници,  во 1923 год. побарало да се воведе ред во работата со  што би се задоволиле основните хигиенски услови. Се барало хотелите да бидат класифицирани и да се воведат одредени прописи во работата.
Во 1923 год. бил изнесен правилник за работа и отседнување на странци во скопските хотели. За престој во хотелите биле одредени такси, според квалитетот на услугите. Поскапи  хотели за кои се плаќала такса од 3 динари биле хотелите „Српски крал”, „Москва”, „Цар Душан”, „Бел орел”, „Гранд хотел”,„Слобода”и „Балкан”.
о новиот дел на градот, во тогашната најрепрезентативна улица на градот, Крал Петар, се наоѓал хотелот „Гранд хотел“.
Од фотографијата може да забележиме дека на местото каде што се наоѓал овој хотел некогаш, сега се наоѓа Кафе-бар „Тренд“.
На следниов ЛИНК може да се потсетите како изгледал прекрасниот панормскиот поглед на старо Скопје.
Хотелите во Скопје по 1918 год., според својот изглед и својата функција, биле далеку од вистински хотели, но според у

Пронајдете не на следниве мрежи: