Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, добил извонредна понуда да ја продолжи својата кариера во тимот на Астон Мартин. Доколку ја прифати оваа понуда, тој ќе стане највисоко платениот возач во историјата на Формула 1. Според информации објавени од италијанскиот весник „Газета дело Спорт“, Астон Мартин му понудил на холандскиот возач неверојатни 264 милиони евра за трогодишен договор. Овој договор би ги опфатил сезоните од 2026 до 2028 година, а очигледно е дека Астон Мартин не планира да штеди средства во обидот да го ангажира актуелниот шампион. Според истиот извор, зад оваа импозантна понуда стои државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, познат како Фонд за јавни инвестиции (PIF). Овој фонд е сопственик на 20% од компанијата „Астон Мартин лагонда“ и преку нафтената корпорација „Арамко“ е главен спонзор на тимот. Иако актуелниот договор на Ферстапен со Ред Бул е валиден до крајот на 2028 година, постојат одредени клаузули кои овозможуваат раскинување на истиот пред завршувањето на договорниот рок.
The post Ферстапен размислува за нова понуда надвор од Ред Бул appeared first on 365.mk.


