Претседателите на Соединетите Американски Држави и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, се сретнале денеска пред погребот на папата Франциск и се договориле повторно да се сретнат по церемонијата, подоцна во текот на денот, изјави извор од Ватикан за Sky News, пренесува Танјуг.
Средбата дојде откако Трамп рече дека мировниот договор меѓу Украина и Русија е „многу блиску“.
Трамп и Зеленски заедно со своите сопруги присуствуваат на погребот на поглаварот на Римокатоличката црква во Рим, а се уште не е познато за што разговарале.



