Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш на родителите на загинатите во дискотеката во Кочани
Поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, денеска им даде поддршка на родителите на младите кои загинаа во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани, приклучувајќи се на нивниот протестен марш во СкопСо транспаренти во рацете и солзи во очите, родителите маршираа низ градските улици барајќи правда за своите деца и одговорност од институциите.
Русковска со своето присуство испрати порака на солидарност и поддршка кон семејствата кои веќе месеци бараат одговори за трагедијата што ја потресе јавноста.
Родителите побараа итно расветлување на сите околности поврзани со пожарот, како и преземање одговорност за пропустите што, според нив, довеле до трагичната несреќа. Тие најавија дека протестите ќе продолжат сè додека не се обезбеди правда за нивните деца.је.



