Надзорниот одбор на АД МИА – Скопје во државна сопственост на денешната седница го избра Дарко Јаневски за генерален директор и претседател на Управниот одбор на МИА.Јаневски дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и тој има долгогодишно новинарско искуство во повеќе медиуми.Од 1996 до 1999 година бил новинар во неделникот „Фокус“, а од 1999 до 2000 година бил заменик на главниот и одговорниот уредник на неделникот. Во 2000 година бил уредник-коментарот на дневниот весник „Нова Македонија“, а од 2000 до 2003 година бил заменик на главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Вечер“.Од 2002 до 2004 Јаневски работел како новинар во неделникот „Пулс“. Од периодот од 2005 до 2009 година повторно работи како новинар во неделникот „Фокус, а од 2009 до 2012 година е новинар во дневниот весник „Нова Македонија“. Од 2012 до 2013 година е заменик на главниот и одговорниот уредник на дневниот весник „Нова Македонија“.Јаневски работи како главен и одговорен урендик на дневниот весник „Дневник“ во периодот од 2013 до 2017 година. Од 2017 до 1018 година е уредник и водител на политичката ТВ емисија „Без ракавици“ на ТВ Алфа. Од 2018 до 2025 година е уредник на порталот „Денешен.мк“.Надзорниот одбор на денешната седница ја избра Пандорка Арсовска Гацова за член на Управниот одбор, задолжен за генерален сервис на вести. Арсовска Гацова е искусен долгогодишен новинар во МИА, која и претходно била член на Управниот одбор и уредник на Внатрешна редакција во периодот од 2006-2017 година.Надзорниот одбор на денешната седница го констатира престанокот на мандатот на досегашниот генерален директор и претседател на УО на МИА, Драган Антоновски.На седницата беше констатиран и престанокот на мандатот на членот на УО, задолжен за генерален сервис на вести, Ана Цветковска.
Пронајдете не на следниве мрежи:



