Средби на Љутков со Јапонската агенција JICA и организацијата JETRO

Денес, во главниот град на Јапонија, Токио, заедно со делегацијата вклучувајќи го Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и трговија, и Игор Јанушев, генерален секретар на Владата, учествувавме во значајни средби со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) и Јапонската надворешно-трговска организација (JETRO). Во текот на овие разговори, нашето внимание беше насочено кон унапредување на соработката во различни важни области од заеднички интерес. Посебен акцент беше ставен на потенцијалите за поддршка и заеднички активности во развојот на приватниот сектор, туризмот и јавниот транспорт. Нашата посветеност на продлабочување на поддршката, насочена кон техничка помош и зајакнување на институционалните капацитети, претставува основа за долгорочна соработка. При официјалната средба со JETRO, дискутиравме за проширување на економската соработка и можните инвестиции во Македонија. Главниот фокус беше ставен на можностите за инвестирање во стратешки сектори како инфраструктура, енергетика и туризам. Владата посветено работи на формирање на стабилна и правична деловна клима за сите инвеститори. Овие средби ги отворија вратите за нови можности и сигурно ќе бидат темел за идни активности помеѓу Македонија и Јапонија.
The post Средби на Љутков со Јапонската агенција JICA и организацијата JETRO appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: