Неколку дена пред почетокот на конклавата, изборот за нов папа, американскиот претседател Доналд Трамп објави фотомонтажа на која е облечен како папата на социјалната мрежа „Truth social“.
Трамп претходно се пошегува дека е подготвен да стане нов папа, а фотомонтажата, која ја објави без придружен текст, најверојатно е создадена со помош на вештачка интелигенција.
На сликата, Трамп седи на позлатен престол, облечен како папа, со митра на главата и голем златен крст на градите, показалецот од десната рака е кренат нагоре, а на домалиот прст носи нешто што личи на папски прстен.



