Жена е убиена рано утрово во грчкиот град Солун кога експлодирала бомба што ја носела, соопшти полицијата, а јави АП.
Според информациите од грчката полиција, 38-годишната жена наводно носела експлозивна направа околу 5 часот наутро со намера да ја постави пред блиската банка. Експлозијата оштети неколку продавници и возила во непосредна близина, се вели во соопштението на полицијата.
Полицијата, исто така, објави дека жената веќе им била позната на властите бидејќи учествувала во неколку грабежи и дека истражуваат можни врски со екстремно левичарски групи.
The post Бомба експлодирала во рацете на жена во Солун, ја носела кон банка… appeared first on 365.mk.



