Рускиот претседател Владимир Путин на 9 мај ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ за низа билатерални прашања и за ситуацијата на Западен Балкан, соопшти денеска помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
Ушаков истакна дека стратешката соработка меѓу Русија и Србија е заемно корисна, пренесе Интерфакс.
„Покрај дискусиите за билатерални прашања, ќе бидат разменети и мислења за состојбата на работите во Западен Балкан“, рече тој.



