Македонец на возраст од 80 години е претепан и ограбен пред 3 дена во Белград пренесува Telegraf.rs.
Како што е пријавено преку социјалните мрежи запознал женска особа од Белград и се договорил да се видат. Земал соба во хотел и според неговите зборови отишол во парк каде требал да се сретне со неа. Но доживеал вистински шок. Наместо договорената женско лице се појавиле група мажи кои го ограбиле и го претепале.



