Малолетник се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа меѓу два мотоцикла во Штипско.
„Вчера во СВР Штип е пријавено дека околу 16.15 часот на регионалниот пат Штип–с.Шашаварлија, штипско, на влез во с.Шашаварлија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(41) од Штип и мотоцикл без регистарски ознаки, управувано од 15 – годишник од с.Шашаварлија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип“, информираат од МВР.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Штип.



