Црн чад се појави од оџакот над Систинската капела во 21:00 часот во среда навечер, сигнализирајќи дека е одржано првото гласање на конклавата и дека е завршено без избор на папа.
Околу 30.000 луѓе се собраа на плоштадот Свети Петар за да го чекаат објавувањето. Меѓу нив беше и ѓаконот Николас Нкоронко од Танзанија. Во разговор за Vatican News, тој рече:
– „Нашата улога тука е да се молиме и да се здружиме со другите христијани, други католици, да се молиме Светиот Дух да го води целиот процес“. „Од каде и да доаѓа новиот папа“, нагласи ѓаконот Нкоронко, „без разлика дали е Африка, Азија, Америка, она што ни треба е свет Папа. Ни треба Папа кој ќе ја води Црквата и ќе биде пастор на Црквата“.



