Семејствата на починатите во кочанската дискотека „Пулс“ во сабота, 10 мај, ќе организираат „Марш за ангелите“ во Кочани.
Маршот е најавен со почеток од 16 часот и 5 минути.
„Маршот ќе почне од Паркот на Револуцијата и ќе продолжи кон Трговскиот центар, пред Општина Кочани, потоа кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани“ објави Канал8_ТВ на Инстаграм.



